Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јуни 2017
Ивана Арсова и Теона Гурбанска се прогласени за најдобри ученици на велешкото Основно училиште Стефан Гајдов. На завршниот годишен концерт, неодамна одржан во салата Бели мугри, ти ги добија признанијата, Арсова која е петто одделение за најдобар ученик а Гурбанска која е осмо одделение за најдобар ученик во генерацијата.
И двете свират виолина, имаат значителни резултати остварено годинава на неколку државни и меѓународни натпревари, се на врвот од нивната детска кариера и двете се одлични по сите предмети кои ги посетуваат – вели Илија Настовски проф. по пијано дипл. пијанист и чембалист долгогодишен професор во ОУ Стефан Гајдов. Се доделуваат награди во две категории за година и за генерација.
Наградата за генерација е за последната генерација која завршуваат 8-мо или 9-то , а имаат учество на меѓународни натпревари, освојување на високи признанија награди на државни натпревари, со забележителни концертни активности, настапи се вреднува и се одбира еден ученик кој можеби за нијанса, ама е најдобар и тоа е ученик на завршната генерација тоа е Тона Гурбанска од Лозово. Таа патува девет години од селото , не пропуштила ниту е ден час, редовна е – додава Настовски.
Призанието за најдобар ученик на година, тука се сите ученици од прво до деветто одделение, кој има освоено најмногу награди, најмногу настапи и посетуваат најмногу предмети. Арсова сите што ги посетува има пет -додава Настовски.
Тој вели дека од Лозово има пет ученици кои посетуваат настава во ОУ Стефан Гајдов. Еден од нив е Никола Стојановски кој на Светско првенство во Бугарија освои четврто место и е редок талент.
Упис на нови ученици во ОУ Стефан Гајдов во Велес е во тек, трае до крајот на септември, возрасна граница за упис е од 6 до 8 години. Децата најмногу сакат да учат, најголем интерес има за овие инструменти: виолина, гитара, клавир.
Tweet |