Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 декември 2022
Изминатиот викенд во Гостивар се одржа Државното карате првенство за кадети, јуниори и У-21. На првенството беа пријавени 206 каратисти од 40 клуба. Каратистите на велешкиот карате клуб „Гладијатор“ освоија три први места и две втори и три трети.
Во кати жени У-21 држвен првак е Мартина Арсовска а третото место го освои Теа Гашева. Во истата категорија кај машките, второ место за Марко Бунтески а трето место освои Стефан Стојановски.
Ката мажи јуниори државен првак е Марко Поптодоров, а ката жени трето место за Андреа Алексова. Во борби +70 кг државен првак за кадети е Лука Бацковиќ а до 57 кг. второ место за Хасан Чорески.
По ова Државно првенство за кадети, јуниори и У-21, позната е македонскта селекцијата за Европското првенство што ќе се одржи во Ларнака, Кипар, од 3 до 5 февруари 2023 година. Меѓу избраните се и велешаните Мартина Арсовска и Марко Поптодоров. Арсовска беше учесник на СП за млади категории, кое во ноември се одржа во Коња Турција.
Tweet |