Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 февруари 2020
Мартина Арсовска како 17-та од 31 учесник во кати јуниорки поединечно, обезбеди најдобар пласман од велешките каратисти кои учествуваа на 47-то Европско првенство во карате за младински категории кое се одржа во Будимпешта -Унгарија.
Екипно таа заедно со Андреа Алексовска и Теа Гашева во кати јуниорки го зазедоа 11-то место од 13 репрезентации.
На ЕП учествуваше и Георги Бановски кој го освои 29-то место од 31 учесник во кати мажи У-21. Сите четворица се членови на КК Гладијатор од Велес.
Hа првенството судеше и Боби Војдиновски.
Македонија учестување со 34 натпреварувачи и освои две бронзени медали Бојан Костов -бронза во јуниори кумите до 55кг. и Роберто Ацковски во кумите до 67 У-21.
Tweet |