речник контакт

Архивот ја презема документацијата на ликвидираниот АД Киро Ќучук

Превземени се 140 ахривски кутии, стотина регистратори, во кои имало матични книги на вработените и платни списоци, обрасци М-4, како и досејата на вработените

Петар Печков

Согласно законскатата регулатива, Подрачната единица на  Историски Архив, ги преземала сите документи  оставина од ликвидираниот АД Киро Ќучук.

Тие биле спакувани во 140 ахривски кутии, стотина регистратори,  во кои имало матични книги на вработените и платни списоци, обрасци М-4, како и досејата на вработените.  

Привчините оценки се дека документацијата е 100 отсто сочувана што за  Арховот е ново богатство и уште додаден фонд документи. 

Стечајните управници имаа обврска да ја предадат документацијата, што во овој случај беше почитувано. Добивме документи од изминатите  50 и повеќе г одини.  Ова што  го добивме е огромна документација, која  за идните генерации  ќе послужи како Киро Ќучук работел. Имаме документи од Работнички совети, Управни одбори, сите тела кои постоеле во некогашното друштво. Оваа документација треба во наредниот период да се обработи - изјави Слободан Ников раководител на Државен  Историски Архив ПО Велес.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »