Петар Печков
Објавено: четврток, 18 октомври 2012
Заврши реконструкцијата на патот до селото Бузалково. Тој е асфалтиран во должина од 10км и проширен е за половина метар. Оваа градежна активност на општина Велес е со средства заем од Светската банка кој е подигнат од Владата и чини 667 илјади евра.Тој е реализран преку Агенцијата за државни патишта. Со него две илјади жители се поврзани со пат до Велес. Со овој патен правец покрај селото Бузалково, поврзано е и селото Раштани, а се реши и проблемот со сообраќајница до новите градски гробишта на Велес.
Изградбата на патот од Јазла до Иванковци, преку Мамутчево кој беше најавен дека ќе почне да се гради есенва е одложен за следната пролет. Тука треба да се асфалтираат 10 км делница. Така освен помалите села `Рлевци, Сливник и Слп, сите се поврзани со асфалтни патишта. Се уште не е стартувана изградбата на водоводната мрежа кон езеро Младост, иако Светската банка го одобри новиот проект, кое е ревидиран во однос на претходниот.
Tweet |