Петар Печков
Објавено: четврток, 30 мај 2013
Велешкиот атлетичар Кристијан Ефремов минатава недела настапи на два меѓународни митинзи, каде освоив два сребрени медали.
На 23 мај трчаше на Меѓународен митинг Нови Ѕвезди во Софија на патеката од 400м. Ги истрча за 48.70 со што го освои второто место.
На 26 мај трчаше на Меѓународен митинг Роберт Емијан во Тирана на патеката од 400м. Ги истрча за 49.32 со што стигна до второто место
Полека, но сигурно, се темпира формата за двата важни натпревари кои се кон крајот на јуни, Европскиот Куп во Банска Бистрица, Словачка и Медитеранските Игри во Мерсин, Турција - вели Ефремов.
Tweet |