Петар Печков
Објавено: четврток, 05 август 2021
Во фоајето на велешки театар, беше отворена изложба на фотографии на мултимедијалниот уметник Филип Петковски од Скопје. Тој понуди фотографии на жени во народни носии но и стари фотографии, повеќе од стотина години, каде се зачувано македонското фолклорно наследство. Пред велешани и гостите на Фестивалот на античка драма „Стоби“ авторот се преставува со аудио-визуелна изложба наслоена „Вита“ (живот).
“Обработувам тема, објективизиција на женското тело., преку црно-бели фотографии од крајот на 19-ти и почеток на 20-и век. Овие жени биле фотографирани поради носиите кои ги носат. Но никој не прашал кои се, какви животи имале, како се викаат. На фотографиите има неодредена емоцијa“ - кажа авторот Петковски.
Затоа земал осум женски модели, актерки, танчерки, со кои авторот снимил нови фотографии, каде тие ги оживуваат фотографиите, со повеќе емоции. Изложбата е дел од придружната програма на Фестивалот.
Петковски е од Скопје, режисер, кореограф, пред некој месец докторирал на Универзитетот УКЛА Во Лос Анѓелес - САД. Работи на неколку полиња, има режирано и краток филм.
Вчеравечер во рамките на придружните програми на Фестивалот на античка дрма „Стоби’ беше промовирана книгата во која се сите драмски текстови, кои годинава учествуваат на Фестивалот. Истата е издание на Полица.
Tweet |