Петар Печков
Објавено: четврток, 05 март 2026
На Изборно собрание Адвокатската заедница од Велес, беше избран нов претседател, тоа е Аце Николов кој има 21 годишен стаж во оваа професија. Тој доаѓа на местото Тони Димковски кој истата функција ја извршуваше два мандати по четири години.
Избрани се и шестте делегати кои ќе ги претставуваат 70-те колеги пред Собранието на Адвокатската комора на Македонија.
Освен претседателот Николов делегати се Оливер Гашев, Валентин Зафиров, Ристе Каров, Петар Ефремов и Нино Николов. Тие во мај ќе го избираат новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија во Струга, досегашен е Љубомир Михајловски Џанго.
| Tweet |




