Петар Печков
Објавено: среда, 10 мај 2017
Во заостанат натпревар од разигрувањето за првак во ракомет, скопски Вардар како домаќин го совлада Борец со 39:28 ( 19:13). Домаќините, екипа која се најде меѓу четирите најдобри во Европа, имаше полесен тренинг против велешани. Тоа резултираше и со израмнување 9:9 во 13-тата минута за потоа скопјани тргнат силовите и од напад во напад ја зголемуваат предноста, која на крајот стигна до за нив +11. Кај Вардар сите освен голманите и Караџиќ се впишале во листата на стрелците, додека кај ГРК Борец 10 постигна Димитриевски а Илиев 6. Во следното коло, викендов дома во салата Гемиџии Велешани ја пречекуваат екипата на Охрид и можноста за прва победа во оваа конкуренција.
Се одигра 19-тото коло од Општинската фудбалска лига по кое дојде промена на врвот. Нов лидер е екипата на Бабуна од Мартолци
ФК БИРЛИК - ФК МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 2:3
ФК МАРТОЛЦИ 2007 - ФК МЛАДОСТ Велес 1:1
ФК Интернационал - ФК БАБУНА 0:3 службено
ФК БАШКИМИ 2008 - ФК ФОРЦА НОВА 3:0 службено
ФК ГОРСКИ - ФК ТОПОЛКА 1:8
Т А Б Е Л А
1. ФК БАБУНА 17 15 0 2 70:14 45
2. ФК ИЛИНДЕН БС 17 14 1 2 46:12 43
3. ФК МАРТОЛЦИ 17 11 3 3 52:25 36
4. ФК МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 18 11 1 6 56:40 34
5. ФК ФОРЦА НОВА 17 9 2 6 38:31 29
6. ФК БАШКИМИ 18 8 2 8 33:33 26
7. ФК ТОПОЛКА 17 6 2 9 44:51 20
8. ФК МЛАДОСТ 17 4 5 8 20:33 17
9. ФК БИРЛИК 17 4 1 12 36: 56 13
10. ФК ГОРСКИ 18 2 1 15 21:68 7
11. ФК Интернационал 17 2 0 15 21:74 6
Следно 20-то коло
ФК ТОПОЛКА - ФК БАШКИМИ
ФК ФОРЦА НОВА - ФК Интернационал
ФК БАБУНА - ФК МАРТОЛЦИ
ФК МЛАДОСТ - ФК БИРЛИК
ФК МАКЕДОНСКО СОНЦЕ - ФК ИЛИНДЕН БС
Слободна е екипата на ФК Горски
Tweet |