Петар Печков
Објавено: петок, 20 мај 2016
Во средата се одигра заостанатито натпревар од 20-тото коло на Општинската фудбалска лига. Лидерот Бабуна на гостувањето против Башкими, победи со 2:0. Така таа сега е недостижна пред екипата на Гемиџии која е второпласирана. Бабуна има 10 бода предност а до крајот се играат уште три кола. Токму во следното коло, викендов, се сретнуваат овие две екипи, Гемиџии и Бабуна. Тие ќе играат и во разигрувањето за пласман во Третата лига југ. Единствена непозната е дели Бабуна ќе го заврши првенството без загубен бод.
1. Бабуна 20 20 0 0 99:16 60
2. Гемиџии 20 16 2 2 75:26 50
Во средата се одигра куп натпревар од Јужниот фудбалски регион. Превалец дома беше високо победен со 5:0 од екипата на Кожув Гевгелија од село Миравци ( како што е официјалниот наслов на гостите). Полувремето заврши без голови, но во вторит дел Кожуф за кратно постигнале пет гола и одат натаму во Куп натпреварите. Патем оваа екипа беше последна во Втората лига, со само 17 бода, од каде излезе и догодина ќе игра со Превалец во Третата лига југ.
Tweet |