Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јануари 2016
Со цел запазување на Божикните вредности кај помладата популација и почитување на овој верски празник, во Розе салата се случи ,,Бадникова вечер,,.
Стотина жени се дружеа, забавуваа на посната трпеза. Овој настан досега се случува во градот 20-тина години и секогаш пред Бадник, оти на оваа вечер, жените како и останатите членови на семејствата се дома, во фамилијарна атмосфера.
Бадниковата вечер е во организација на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА и Организацијата на жени од Велес а чинот на осветување на трпезата и кршењето на лебот го изврши свештеникот Боре Симоновски.
Кумови беа четири жени, кај кои лани се паднало лепчето а вечерта се добија новите четири куми за догодина.
Tweet |