речник контакт

Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола за каменоломот на Гроот

Се бара мислење од граѓаните до 5-ти август

Петар Печков

Друштво за производство, трговија и транспорт "МИСА-МГ" ДООЕЛ експорт-    импорт Скопје за инсталација за површински коп на минерални суровини: варовник и никел на локалитет “ГРООТ” Велес, до локалната власт поднело барање за добивање на ,,Б,, интегрирана еколошка дозвола.   Дејноста на друштвото е индустрија на  минерали - инсталации  за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање  на  минерални  суровини. Согласно законската процедура, во оваа постапка се вклучени и граѓаните и тие  писмено до 5-ти август, можат да поднесат своја забелешка за работата на оваа инсталација.  

Операторот МИСА-МГ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, врши експлоатација на железо - никлоносна руда и варовник од локалитет ,,ГРООТ,, Општина Велес. Процесот на експлоатација на каменолом “Гроот” Велес се врши на површински коп. 

Потребно е да се истакне дека во процесот на ископот на железо - никлоносна руда и варовникoт, дробењето и сеењето не се создава отпад што би ја загрозил животната средина. Прашината што се создава за време на дробењето и сеењето со големина од неколку микрони па до неколку десетина микрони се отстранува со систем за отпрашување, т.е навлажнетата прашина се приземјува на земја. Количините на вода што се користат за отпрашување се занемарливи и со самото приземјување на навлажнетата прашина не се создаваат отпадни води кои би требало соодветно да се третираат- пишува во елаборатот. 

Тампонот и фракциите што се произведуваат биле со квалитет потврден од акредитирана лабораторија во земјава. Проектиран капацитет за производство изнесува  800 илјади тони годишно, 700 илјади се варовник и 100 илјади се никел. 

Операторот МИСА-МГ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, врши експлоатација на железо - никлоносна руда и варовник од локалитет ,,ГРООТ,, Општина Велес. 

Од страна на операторот МИСА-МГ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, е ангажирана соодветна опрема, механизација и работна сила за експлоатација на варовник и никел од локалитет ,,ГРООТ,, Општина Велес.

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина е достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »