речник контакт

Барање правда 22 години подоцна

Започна да се одмотува мистеријата од Ел Салвадор во која пред 22 години беше убиен ректорот на тамошниот Универзитет и сите сведоци на злосторството. Налогодавачите се кријат или живеат во САД.

Петар Печков

Политиката на претседателот Барак Обама за човекови права од минатата недела, направи значаен чекор напред кога тој најави забрана за влезни визи за секого за кого се верува дека направил големи злосторства.

Но што е со докажаните кршачи на човекови права кои се веќе тука? Тоа се однесува на најмалку двајца Шпанци кои се осомничени за едни од најозогласените воени злосторници во Ел Салвадор.

Поминаа речиси 22 години откако во една ноемвриска вечер, одред салвадорски војници упадна на Унивезритетот на Централна Америка со наредба од највисоко: убијте го ректорот Игнацио Елакуриа и не оставајте ниту еден сведок жив. Пречесниот Елакуриа од салвадорската војска беше сметан за симпатизер на левичарите, и владата не ги сакаше неговите напори да посредува за мир со бунтивниците.

Шест језуитски свештеници, вклучувајќи го и Елакуриа беа убиени, како и домарот и неговата ќерка.

Потоа следуваше судење забременето со нерегуларности, но повеќето од осомничените беа само притворени, а подоцна и ослободени под закрила на широко критикуваниот закон за амнестија, со кое им се даде бланко ослободување на сите. Амнестијата не треба да ги штити грешниците кои во улога на владини службеници самите си ја дозволија својата слобода.

Шпанскиот судија Елој Веласко го искористи својот авторитет во државата под закрила на меѓународниот и домашниот закон, за да спроведе ново судење во Мадрид бидејќи пет од жртвите беа од шпанска националност. И Веласко со право оди понатаму отколку судот во Салвадор што го стори тоа: делува според тужбата поднесена од калифорнискот Центар за правда и пресметливост која ги  обвинува врвните воени функционери кои беа вовлечени во убиствата.

Во обвинувањата се вклучени двајца поранешни министри за одбрана, еден заменик министер и неколку генерали. Тие се сеуште меѓу најмоќните луѓе во државата, и како судството ќе се справува со нивата судбина тоа ќе ја тестира младата демократија во државата.

Неделава деветмина од нив, вклучувајќи и еден поранешен министер за одбрана, се предадоа во воениот гарнизон во Сан Салвадор. Како знак дека нешата се менуваат во таа централно американска држава, е дека случајот веднаш беше префрлен во цивилниот суд. Тоа беше најисправната одлука.

15 судии од Врховниот суд во Сан Салвадор мора внимателно да одлучат дали ќе ги екстрадираат или ќе биде подобро правдата да се бара дома. Но едно треба да биде јасно: Салвадорците заслужуваат да слушнат за случајот ослободен од мешањето на владата, ситуација која беше присутна во првото сдење.

И што ќе биде со Иноченте Орландо Монтано, поранешниот министер за јавна безбедност кој сега живее во Масачусетс? Или со Хектор Улисес Куенца Окампо, воен поручник кој ја водеше агенцијата за разузнавање во времето на масакрот и кој сега живее во Калифорнија?

„Досега никој не дојде ништо да ми каже, јас во изминативе десет години сум слободен и живеам на исто место“, рече Монтано летово за дневниот весник Ел Фаро, кога шпанските судски власти побараа гаранција дека тој ќе биде уапсен.

Тој не е тешко да биде пронајден. Четворица американски сенатори побараа од Стејт департментот да им се помогне на шпанците. И треба.

Министерствто за правда и Стејт департментот треба да му покажат на Ел Салвадор и на остатокот од светот дека зборовите на Обама од минатата недела не беа празна реторика, и дека Вашингтон е сериозен заради насилниците во Нова Англија исто како и за оние во Либија и во други далечни земји.

Прадвата почнува од дома.

текстот е превземен од Мајами хералд - Мајами

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »