Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 јуни 2013
Познатиот уличен фестивал „Баскерфест" оваа година за прв пат ќе се одржи и во Велес и тоа на 20 и 21 јуни (четврток и петок) во периодот од 19 – 24 часот во Младинскиот парк.
Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда. Баскер ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности - вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини!
Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневно искуство. „Баскерфест" е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат. Фестивалот и оваа година се одвива во организација на One Way, а под покровителство на Општина Велес.
Tweet |