речник контакт

Безвременската љубовна приказна „Оркански висови“ на Емили Бронте со најновата филмска верзија и во Киноверзум Велес

Се прикажува и големиот регионален филмски хит „Свадба“ кој се игра во распродадена сала

Петар Печков

На репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена е безвременската љубовна приказна „Оркански висови“ според романот на Емили Бронте.  Страсна и бурна љубовна приказна сместена во позадината на јоркширските мочуришта, која ја истражува интензивната и разорна врска меѓу Хитклиф и Кетрин Ерншо. Свежа и модерна адаптација на една од најпознатите љубовни приказни на сите времиња. Марго Роби и Џејкоб Елорди ја предводат актерската екипа во новата, визуелно раскошна адаптација на безвременската класика „Оркански височини“ на режисерката и оскаровка Емералд Фенел (Promising Young Woman), која ни носи свежа и модерна адаптација на една од најпознатите љубовни приказни на сите времиња. На зафрлените и ветровити висорамнини во Англија, помеѓу двете измачени души Кети и Хитклиф, се раѓа страст што пркоси на сè – на разумот, на моралот, на општеството. Нивната љубов, еднакво силна колку и деструктивна, се претвора во опсесија што прогонува цели генерации. Филмот има премеира вечерва од четврток во 20ч. петок, понеделник вторник и среда ви истиот термин и во сабота и недела од 22,15ч.  

И оваа седмица се прикажува регионалниот блокбастер „Свадба“, кој ги полни салите, вклучувајќи го и Киноверзум Велес.  Хрватскиот филм се прикажува во два термини од 18,15 и 22,15 освен во сабота и недела во 18,15 и 20,15ч.  Љубовната врска на млада Хрватица и Србин, оптоварена со родителските обичаи, традициски, предрасуди создаваат бројни комични ситуации. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »