речник контакт

Без греење на минус седум во седум наутро

Патниците на МЖ револтирани од условите со кој наутро патуваат

Петар Печков

Велешани кои ги користат услугите на железницата се револтирани од условите при патувањето, посебно во утринските часови. Ладни вагони и коли, без греење, мораат да се селат од воз во воз, што на овие ниски температури не е ни малку пријатно и здраво.

Ова е голготата на работниците и патниците кои до Велес секојдневно патуваат за Скопје.  Премрзнати на минус седум, колку надвор, толку и внатре во вагоните. А патуваат и деца и ученици. Како тие се чувствуваат. Потребно ни е греење. Ова не е егзодусот на Македонците до Егејска Македонија 45-тата ова е секојдневие во 21 век – пишаа во електронска пошта со која се обратија до ТРМР.

Испратија и неколку фотографии од атмосферата во вагоните наутро, како и селењето од воз во воз во утрински часови. Тоа било пракса  последните два дена. Додаваат дека никакво оправдување на можат да прифатат од МЖ, оти ова била далеку од човечки и хумант третман  на патниците. И ги покануват неверниците, да патуват едно утро со нив, и се уверат на дело, како е  во вагоните на МЖ на минус седум во седум наутро.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »