речник контакт

Без пласман во финалето останаа македонските кајак репрезентативци на СП во Краков Полска

Петрушев и Рибарски веслаа во полуфиналето во категоријата до 23 години а Смилев кај јуниорите

Петар Печков

Завршија настапите на македонските репрезентативци ан Светското првенство во кајак на диви води слалом. Денес се веслаше полуфиналето а тројца велешани кои настапуваат за Македонската репрезентација, не беа успешни. 

До 23 години Ангел Петрушев веслаше одлично во првата половина од патеката, за да во втора направи неколку грешки и има време +6,72 од првопласираниот или за 2,5 секунди послабо од 12-тиот кој се пласираше во финалето. Стефан Рибарски имаше заостаток од +7,85 од најдобриот и  3,5 секунди повеќе од можноста да влезе во финалето. Во финалето меѓу 12-те најдобри победи и свески првак стана Британецот Сем Левер. 

Попладнево во полуфиналето веслаше во јуниори Кристијан Смилев и тој имаше најслабо време од +103 секунди, или две грешки со казна од по 50 секунди и беше 30-ти. 

Со ова заврши настапот на Светското првенство за јуниори и до 23 години. Следен предизвик е Европското првенство за јуниори и до 23 години кое ќе се одржи во Епинал Франција 5-9 август. Европското сениорски првенство е во Ивреа Италија при крајот на септември.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »