речник контакт

Без промени и по новата анализа на водата од акумулацијата Младост, не смее да се користи за капење

Овој пат анализирана е водата само од една плажа, Градска - на влезот од езерото од правец на Велес

Петар Печков

И третата проверка на водата од акумулацијата езеро Младост е иста како претходните две контроли ова лето. Примероците се земени на 5 август, годинава. 

Анализираната мостра на вода од Езеро Младост на мерно место, Градска Плажа, по однос на микробиолошките индикатори не одговара и не смее да се користи за капење, а по однос на физичкохемиските параметри не одговара по сатурација (4-та класа) на матност, присуство на амонијак и сув остаток (3-та класа), а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Ова е оценка ан Центарот за јавно здравје Велес.  

„Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро Младост се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата. Водата не смее да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијаноткосини“ – пишува во извештајот на Центарот за јавно здравје објавен на веб страницата на Општина Велес.

Неодамна Хидробиолошки завод од Охрид изврши контрола на водите од акумулацијата и дозволија водата да се користи за полевање на околните лозови насади.  Но и отстранување на наслагите по површината, потребно е нивно механичко чистење.  Овие наслаги се посебно изразени кај Отовички залив, кој е и најзагаден.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »