речник контакт

Без технички прием зградата на железничка станица во Велес затворена

Патниците купуваат билети на отворено и чекат воз под ведро небо

Петар Печков

Зградата на Железничката станица во Велес е заклучена. Иако е готова, нејзината реконструкција  заврши  уште во октомври минатата година, таа е се` уште под клуч. Не е достапна за патниците, па тие  мораат билети да купуваат преку импровизиран шалтер на отворено. 

Без оглед на временските  услови, патниците стојат  чекаат надвор на  дожд, сонце.  Од македонски железници -инфраструктура   за одговор препраќаат кај финансиерот, Министерството за транспорт и врски,  оти тие не биле надлежни за обновата. 

Железничката станица во Велес е реконструирана, но  не е предадена за   употреба  оти  нема технички прием -  кратко одговорија од Министерството за транспорт  и врски. 

Истата судбина ја имаат и железничките станици во Чашка, Градско и Богомила, кои се реновирани ама не се официјално предадени за користење. И додека од Министерството објаснуваат дека е до документацијата, вработените  од  железничката станица Велес  велат дека во зградата имало влага, која никако не може да се отстрани, како се појавува  и од каде доаѓа. И тоа кај шалтерот за билети. 

Во текот на јануари, кога имаше длабоко минусни температури, времено беа отворени вратите од чекалницата, за да  не стојат патниците на снег и мраз. Но потоа пак се затворија, чекајќи официјално пуштање во употреба, кое никако да се случи и по една  година  од завршувањето на градежните работи.

Градежните работи  кои  ги  изведуваше ,,ВИА,, ДОО Вевчани    доцнеа цели 10 месеци повеќе од терминот кога требаше да се заврши 31.12 2015-та а средствата се обезбедени од фондови на ЕУ.   Така објектот кој  е  затворен цели две години, не е  во функција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »