Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2026
За само еден час во Велес беа поделени околу две илјади табли јајца, кои бесплатно ги делеа волонтери. Тоа беше донација од велешани кои живеат и работат во САД, од компанијата Шилер чија дејност е камионски превоз на стока. Во еден момент поради големата гужва и безредие кое се создадoa, ред мораше да воведува и полицијата, да ги спречи граѓаните да не дојде до стампедо и повредени.
„Целта ни е граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден. Дел од донацијата претходно ја поделивме на семејства социјални случаи“– соопштија организаторите, од компанијата Шилер.
Некои од присутните земаа и по две, по три табли, со објаснување, за сестра ми е болна, комшиите не можат да дојдат. Добија табла јајца која пазарно вреди 300 денари а пред покачувањето, пред десетина дена 200 денари. Добиваа и по една кесичка црвена боја. За најмладите имаше забава со кловн и цртање на велигденски цртежи.
Ова е трета година како компанијата Шилер, во Велес бесплатно дели табли со јајца.
| Tweet |








