Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2019
Во училишниот двор на ОУ Васил Главинов во населба Превалец, расцути едукативна патека.
На голиот бетон, кој по 40 години работа, беше поставен пред две години, учениците ја нацртаа и обоија патеката, на која ќе го минуваат слободното време, но и часовите по физичка култура.
Поттикнати од наставничките Лила Арсова- одделенски наставник и Елена Трајковска наставник по англиски, просторот да се оплемени, да се разубави и добие функција, учениците ја покажаа нивната инвентивност. Резултатот е видлив.
Tweet |