Петар Печков
Објавено: среда, 04 февруари 2026
На 4 февруари, на патрониот ден на градската библиотека Гоце Делчев од Велес, беа врачени признанијата за најредовните читатели. Библиотеката, како и секоја година, ги награди читателите со најголем број изнајмени книги. Читател со најмногу прочитани книги од Одделот за возрасни, втора година по ред е Билјана Стојановска. Таа вели дека не гледа тв, серии, вести туку слободното време го минува со книгата во читање.
„Не само што изнајмувам од библиотека туку си купувaм, позајмувам од пријaтели“ – кажа Стојановска.
Читател со најмногу прочитани книги во основното обраозвание е Стефан Тодоровски, ученик во 6 одделение во ОУ Блаже Коневски. Тој открива дека сака да чита книги со авантуристички дух, детски романи, стрипови, а чита и манга стрипови на англиски. Студентката на магистарски студии на право на Јустинијан Први во Скопје, Драгана Ристова има најмногу прочитано книги кај оваа популација.
„Најмногу читам современа книжевност, класици, понекогаш историска фикција или романса. Немам одреден омилен жанр, ја читам секоја книга што мислам дека ќе ми се допадне„ – порача Ристова.
Признанија добија и Василка Карталова ученичка од средно образование, пензионерката Снежана Димовска, најмлад читател за 2025 година е Теодора Ферина, читател од предшколска возраст е Ема Трајковска а највозрасна читателка Лилјана Ристовска. Таа за 19 дена ќе наполни 85 години.
„Читам уште од старата библиотека, кога Раца беше директорка (Рахилка Фирфова Ѓоргова з.а.) тука работеше Петрана Цветковска. Наставничка сум по француски и македонски во „Џинот“, работев во Иванковци па во Чашка. Книгата за мене е извор за инспирација, внатрешна желба. Читам романи, за животот на луѓето, за епохите во кои живееле, до каде може да стигне човечкиот ум и до каде може да паден. Се ме интересира, се читам“ – кажа Ристовска.
Признанија добија и читателите од подрачната единица од Градско, за возрасна со најмногу прочитани книги е Лилијана Рибарска и за деца Стефани Илиева.
Во чест на патрокот на Градската библиотека Гоце Делечев, беше изведен поетски перформанс на тема „За македонските работи“, во изведба на учениците од средното економско училиште „Јовче Тесличков“, под менторство на професорките Жаклина Ивановска Зафирчева и Рената Софијанова Николова.
На свеченоста беа доделени и дипломи на наградените од литературниот конкурс по повод 4 Февруари – Денот на раѓањето на Гоце Делчев, на тема „Корените – тоа сме ние“, во категориите поезија и проза.
Во уметничкиот дел од програмата имаше музички изведби на Магдалена Тодоровска, сопран, во пијано придружба на Илија Настовски.
фото Локална библиотека Гоце Делчев
| Tweet |

















