речник контакт

Би отишле ли во војна за сопствената земја

Изненадувачки најголеми патриоти во Европа се Финците, во светот Мароканците. Каде се Македонците? Истражување на Галуп

Петар Печков

Мапата го покажува процентот на жители во неколку европски земји кои би се бореле и би отишле во војна за сопствената земја. Така можеби изненадувачки  ,,најголеми патриоти,, во Европа  се Финците, каде од 4 жители тројца би заминале в  о војна. Потоа се Турците, Украинците, Русите.. Македонија е во средината од ова табела со  38 отсто од испитаниците кои би заминале во војна за државата.  Пред  нас се Швајцарците, Швеѓаните а после нас се Бугарите,  Италијанците, Германците, Французите 

Во продолжение се целосните резултати, од највисок до најнизок процент:

74% - Финска

73% - Турција

62% - Украина

59% - Русија

58% - Косово

55% - Босна и Херцеговина

55% - Шведска

54% - Грција

47% - Полска

46% - Србија

41% - Латвија

39% - Швајцарија

38% - Ирска

38% - Македонија

38% - Романија

37% - Данска

29% - Франција

28% - Португалија

27% - Обединето Кралство

26% - Исланд

25% - Бугарија

23% - Чешка Република

21% - Австрија

21% - Шпанија

20% - Италија

19% - Белгија

18% - Германија

15% - Холандија

 

Резултатите се од интернационалното глобално истражување „WIN/Gallup“.

Европа е континент во кој најмал број од луѓето би се одлучиле да се борат во војна за својата земја. Глобално, 61% од испитаниците во 64 земји изјавиле дека ќе се борат. Мароко 94%, Фиџи 94%, Пакистан 89%, Виетнам 89% и Бангладеш 86% се земјите со највисок процент на луѓе што би се бореле за сопствената земја.

Земјата со најмал процент на луѓе што би отишле во војна е Јапонија, со само 11% од луѓето кои изјавиле дека би се бореле во војна.

Уште од Втората светска војна, Европа е релативно мирна со исклучок на југословенските војни во 90-тите и неколку политички потиснувања за време на Студената војна. Но 19 век исто така беше релативно мирен период за Европа што заврши со почетокот на Првата светска војна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »