речник контакт

Благовец ден на пчеларите

Дружење со 15 години стаж

Петар Печков

 Петнаесет години велешките производители   на мед,  одгледувачи на пчели  се собираат на Благовец. Тие  овој ден одлучиле да биде  нивен патрон, затоа  се собираат, дружат и разменуваат мислења за работата која ја работат. Собирот годианва се одржа  во црвката Св. Спас се благослови масата, полна со мед од производителите,   кои си посакаа среќна и бериќетна година 

 Во религијата се споменуваат медот,  пчелите, нивната вредност, а и кај народот е познато дека на  овој ден се вади медот  за  пренесување во црквите - објасни    Љупчо Станковски претседател  на агро здружение  Агро Фаланга  од Велес,  во кое   членуваат и  пчеларите од велешко.

Тој заедно  со Тони Дуков го оживеале овој ден, собир на пчеларите а со формирањето на Здружението, тие  се  го организатори  на  настанот.  Годинава собирот се одржа   во црвката Св. Спас  а свештените лица Горан Панзов и Борис Симоновски ја   благословија празничната маса.    

 Годинава имаше тројца кумови и тоа мошне млади лица, кои  се одлучиле да бидат  одгледуваат пчели.

 Со пчеларство  се бавам десетина години.  Имам љубов  кон пчелите од млади години. Имаше  успони, имаше падови, но  опстојуваме и задоволен сум од пчеларството - рече  Благој Ѓорчевски кој има триесетина пчелини семејства.

 Од раѓање сум со пчелите, мојот дедо беше пчелар и јас  ја  продолжува   оваа работа.  Ова е семеен бизнис - рече  Лазе Андовски кој сандаците со пчели ги чува во  село Крајници и има  преку сто пчелини семејства.

Јас сум нов во оваа  работа, лани прв пат  започнав  да одгледувам. Во семејството немаме искуство, јас сум прв  кој одгледува пчели, сакав да пробам  и не се каам     - рече Трајче  Милевски. Тој пчелите ги чува во долниот тек  на реката Бабуна.  

 Меѓу триесетината гости имаше и пчелари кои се со долгогодишно искуство. Таму  беше и   Стево Стојменовски, чиј пчеларник е  во  Овче Полието, кој  со  одгледување на пчели  се бави од 70-тите години

Лани имаше средно арна година. Почетокот годинава  е добар,  немаше ветер  и очекувам медоносна година. Кога сум  почнувал кило мед бил 50 денари, сега стаса до 350 денари, доволно и благодарение на субвенциите  е во ред - рече Стојменовски. Неговиот мед  се откупува од Даути Комерц. 

 Во велешко  има 189  пчелари,  според бројката кои примаат субвенции  но далеку е поголем бројот оти има лциа кои  имаат помал број на пчелини семејства

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »