речник контакт

Благцата на баба, по 17 пат

Забавно-хуманитарна манифестација со 540 гости, една од брендовите на Велес

Петар Печков

Во Велес, на мотелот ,,На Велешко езеро,, се одржа 17-та забавно хуманитарна манифестација ,,Благцата на Баба,, во организација на жените пензионерки од Велес. На неа учествуваа  540 жени од 17 града од Македонија, кои понудија 50-тина стари блага. Дел од средствата кои се собираат,  се донираат за лица на кои им се потребни а годинава ќе му се доделат на Петар Карастојанов. Ова е единствена ваква манифестација во земјава и препознатлив бренд за кој има голем интерес.

Целта  на манифестацијата е да се дружиме,  сите жени од Македонија преку претставување на локалните обичаи и правењето блага. Така и ги оживуваме овие подзаборавени благца.  Иако средствата не се многу, сепак дел од парите довојуваме за лица на кои им се потребни. Не  се многу, но од нашите скромни примања тие се со љубов и од срце дадени – вели Неделка  Ѓорѓиева претседател на активот на жени пензионерки од Велес.  Меѓу присутните беше и една стружанка, мажена во Крива Паланка, која понуди токму таков специјалитет струшки бардарки.

Ова е специјалитет од мојата баба, која преку мајка ми го пренесе и на мене а јас во Крива Паланка. Посебно е за ова благо е што се замесува со свеќ, вода која е стоена во пепел. Другото е стандардно како другите блага, брашно, шеќер, гриз. Ова е посебен специјалитет се прави за Прочка - рече Валентина Лековска, таа е родена стружанка која 48 години живее во Крива Паланка.  Велешанката Софија Димова со години учествува на манифестацијата и таа за годинава подготви нешто ново, приплеска алва.

Алвата што ја подготвив  е со прегорен шеќер и една од најстарите блага. Ја побарав од сосетка, која е прилепчанка. Сакав да понудам нешто ново и поинакво до другите години. Убаво е што овде има жени од цела Македонија и сите нудат нешто што е карактеристично за  нивниот крај – вели  Димова.

На манифестацијата учествуваат и жени Албанки од Тетово, Гостивар, Дебар со што таа е и мулти етничка. Тие се претставуваат со нивни старински национални  блага за кои секогаш има голем интерес. На масите годинава можеа да се видат старински блага, што бабите ги правеле некогаш пред стотина и повеќе години, аманет од минатото, равании, фурми, баклави, гурабии, татлии, но и нешто ново, за домаќинките кои сакаат да бидат во тренд, инспирирани од турските телевизиски серии. На оваа средба освен што се сретнаа старите пријателки, тие разменија и рецепти од подготвените блага но и совети за добро здравје за да се видат и до година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »