Петар Печков
Објавено: петок, 25 јули 2014
Концерти на поп, рок, фолк, изворна музика е понудата за велешани од вечерва во наредните седум дена.
Вечерва во 21 часот во Амфитеатарот до Младинскиот парк е концертот на групата Grace. Истовремено во Амфитеатарот од локалитетот Стоби е претставата на театарот од Казахстан, исто така со почеток од 21 часот.
Утревечер, сабота, на истиот простор Стоби е затворањето на Фестивалот и доделувањето на наградите, со претставата на велешкиот театар Кралот Лир.
Понеделник од 19 часот прес споменикот на Илинденците е пречекот на Илинденската коњаница. Во 20.30 часот во Амфитеатарот од Младински парк е концертот на ансамблот на изворни инструменти Пеце Атанасовски.
Среда на истиот простор од 20,30 часот е концерт на маестрото на виолина Зоран Џорлев
Tweet |