Петар Печков
Објавено: среда, 16 март 2016
Понеделникот навечер околу 18 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од Богомила, велешко. По претходен договор за купопродажба на ПМВ „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице.
Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Tweet |