речник контакт

Божикен ручек за лицата со посебност (фото)

Поделени и новогодишни пакетчиња

Петар Печков

50-тина лица од Здружението на лица со церебрална парализа, добија новогодишни пакетчиња и Божикен ручек. Тоа е донација од  Митрополитот Повардарски, Владиката Агатангел, која беше доделена во Народно - црковната кујна лоцирана   во Дворови.

На овој начин сакаме  да им го честитаме на овие лица, раѓањето на спасителот Исус Христос, да им даде крепко здравје, да им даде  мир и спокојство а на родителите огромна енергија  за да можат овој тежок крст да го носат. Тие денес се мачат на Земјата но потоа во вечноста ќе го уживаат блаженството - рече Владиката Агатангел.

 На овој собир им го честитаме Божик и Новата година на лицата со церебрална парализа. Им посакувам добро здравје и локалната власт стои зад нив, да помогнеме колку што можеме. Овој ден е посебен за сите нас и ќе продолжиме понатаму - реќе градоначалникот Славчо Чадиев.

 Овој Божикен ручек беше девети по ред, исто толку години го добиваат лицата со попреченост. Во нивно име се заблагодари претседателката на Здружението Далиборка Златева.

 Ова е гест со кој во пракса се покажува дека   лицата со попреченсот се дел од заедницата, таа ги поддржува и се создаваат услови  да бидат вклучени во општественото живеење - рече Златева.

 Овој Божикен ручек беше помогнат и од слаткарница Родне и Здружението на жени и од пензионерките на Велес. На  настанот свој насатап имаше и младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј под дирегентство на Веселинка Маџарова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »