Петар Печков
Објавено: четврток, 12 ноември 2026
Четири филма се на репертоарот на Киноверзум Велес, три од нив се премиера.
Долгонајавуваната Божикна авантура, „Ебенизер“ со Џони Деп од денес се прикажува заедно со светската премиера. Возбудлива приказна за духови сместена во Лондон од времето на Дикенс, која го следи натприродното патување на еден човек – соочување со минатото, сегашноста и иднината додека се бори за втора шанса за искупување.
Втората премиера е за „Јас сум Роки“ биографски филм. Вистинска приказна за еден непознат актер кој верувал дека неговата судбина не е само да го напише сценариото за „Роки“, туку и да го толкува ликот на Роки Балбоа. Соочен со постојани одбивања и речиси невозможни изгледи за успех, Силвестер Сталоне ризикува сè, одбивајќи да се откаже од главната улога.
Третата премиера во Киноверзум Велес е за „КАКО ДА СЕ ОГРАБИ БАНКА“. Група ограбувачи на банки, кои одлично се снаоѓаат на социјалните мрежи, јавно ги емитуваат своите смели грабежи, несвесни дека сè поголемата слава ги носи во видокругот на еден искусен агент на ФБИ и на еден брилијантен софтверски инженер. И покрај тоа што овој нетипичен двоец им е зад пети, криминалната група успева да ги помести сопствените граници, ставајќи сè на коцка во име на своите уверувања – и на својот дотогаш најамбициозен грабеж.
Се прикажува и анимираниот „Мачорот со шапка“ кој е на врвот по гледаноста во светот изминатиот викенд. Современа анимирина интерпретација на класиката на д-р Сус од 1957 година, која ни носи сосема нова епска авантура. Кога во домот на две деца неочекувано ќе влезе ексцентричниот и шармантно непредвидливиот Мачор со шапка, нивниот мирен ден се претвора во весела авантура исполнета со чудесии, хаос и фантастични изненадувања. Со своите ѓаволштини и неисцрпната досетливост, тој го превртува светот наопаку, а среде шарениот метеж децата ја откриваат силата на креативноста, храброста и заедништвото.
| Tweet |




