речник контакт

Болните од велешка Болница со кетеринг служба за храна

Вака месечно ќе се заштедело до 100 илјади денари

Петар Печков

Кетеринг служна ги ги снабдува со храна  пациентите од велешката Општа Болница. Оваа новина е од почетокот на месецов. Ваков начин на обезбедување на храна била и во повеќе Болници во земјава, па по нивен терк, тргнала и велешката.  

Причина повеќе е што дел од врабтоените во кујната често имале позитивен  брис, поа раководството се одлучило да ги  снабдува  болните на како што објаснуваат  ,,на современ  и модерен  начин,,.

Сега кај пациентите ќе се  применувал и диететскиот начин  на исхрана, што бил пропишан од страна на докторите.   Тендерот за обзебедување на храна го добила струмичката фирма,,Саратога,, која три пати на  ден ќе ги снабдува пациентите со појадок, ручек и вечера во текот на наредните 12 месеци.    

На овој начин раководстовото пресметало  дека  Болницата дури и ќе заштеди  до 100 илјади денари месечно, од електричната енергија, која се трошела за подготовка на храната.    Вработените кои досега биле ангажирани во кујната  се распределени на други работни  места. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »