речник контакт

Болницата Јасеново се реновира

Започнаа градежните работи на санација и дозиграба на болницата Јасеново, вредни 1,6 милиони евра. По реновирањето таа ќе биде Региоонален центар за лекување од белодробни карциноми

Петар Печков



Министерот Османи  направи увид во изведувањето на градежните  работи во болницата од страна  на градежната фирма „Вардарградба“ од Скопје, вредни 1 милион и 700 илјади евра.

Тој информира  дека се изведуваат градежни работи за зголемување на капацитетите и условите за престој на пациенти и лекарите за работа, а во втората фаза  Владата ќе финансира и во инвентарот на болницата.

 Болницата Јасеново која е градена во далечната 1948  година како хируршка болница во време на граѓанската војна во Грција,  повеќе од 60 години ништо не е направено.

Предвидено е оваа болница  да прерасне во  Регионален центар за белодробни заболувања  и туберколоза  за пациентите   од централниот дел на државата, центар за болните од карцином, како и геријатриски центар и болница  за медицински туризам.



Директорот на болницата Драган Цинциев  информира дека сегашниот  капацитетот од  65 кревети  ќе биде зголемен на сто легла. Според него, се работи и на реновирање на  санитарните јазли и воопшто на подобрување на условите за престој i работа.

Министерот Османи најави  дека од понеделник почнува и реконструкција на велешката  ЈЗУ  Градска болница. Ќе се реконструира  вториот кат каде се наоѓа хирушкото одделение, како и  Инфективното одделение.  Во болницата  целосно ќе се обноват и сите санитарни јазли.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »