Петар Печков
Објавено: недела, 01 мај 2011
Одбојкарите на Борец Брако се поразени во финалната средба од Купот, од Шкендија од Тетово со 3:1 ( 14,13 -24, 20). Натпреварот се играше во малата сала на СЦ Борис Трајковски. Лесно добиените први два сета, беа решавачки за тетовчани да ја добијат средбата.
Така одбојкарите остануваат со еден трофеј од 1994-тата година кога го освои екипата на Борец Универзал промет. Но шанса за поправен велешани ќе имаат ако в среда, успеат на домашен терен да ја совладаат екипата на АБА Струмица, по што би се пласирале во финалето, каде ги чека токму Шкендија.
Tweet |