Петар Печков
Објавено: недела, 02 декември 2012
Борец есенски првак во третата лига, Локалното дерби за врвот без победник
Фудбалерите на Борец и Бабуна од Мартолци доиграа нерешено 1:1 во дербито од последното 15-то коло на Третата лига Југ. Во израмнет натпревар, на тешкиот терен гостите први дојдоа во водство со голот на Михајлов во 37-та минута, додека Борец израмни преку Петрушевски во 71-та минута. Натпреварот не беше толку квалитетен, колку што беше борбен и двете екипи имаа желба за победа а нерешениот исход е најреален. Од управата на домаќините изјавија дека гостите од Мартолци, биле посебно стимулирани за оваа дерби средба, со финансиски средства и 1500 денари бонус за победа,а која ја ветил градоначалникот на Чашка Горан Пановски.
Истовремено во Башино село Илинден играше со Младост од Кривогаштани, прилепско. При резултат 3:1 за домаќините, средбата во 70-тата минута била прекината оти гостите останале на терен со седум играчи, откако поради повреди или црвени картони, а немале доволно замени, немале играчи да го продолжат натпреварот. По 15 кола , три велешки екипи се на врвот до третата лига југ, Борец е прв со 41 бод, 13 победи и две нерешени, пред Бабуна со 32, па Илинден од Башино село со 31.
Tweet |