речник контакт

Борец убедлив во дербито на сезоната, останува лидер на Третата лига Југ

Во дербито на Општинската фудбалска лига ФК Младост убедлив против лидерот ФК Врановци. Противникот на ЖФК Борец во Втората лига не се појави на натпреварот во Велес

Петар Печков

Супер дербито на Третата лига Југ, за лидерот  ФК Борец кој со убедливи 4:0 го совлада ФК Превалец на негов терен во гости. Резултатот најдобро илустрира за моќна на велешкиот  третолигаш, кој со оваа победа на четири кола пред крајот нема пречки за враќање во Втората лига. Но за тоа според пропозициите на ФФМ ќе треба да игра бараж. ФК Тополка изненадувачки победи над петтопласираниот ФК Питу Гули во Крушево со 1:3. ФК Башкими дома во Чашка славеше со 3:1 над ФК Ултрас од Мало Коњари кој е 9-то пласиран.

По ова 22 коло, ФК Борец има предност од 6 бода над ФК Превалец кој е втор. ФК Башкими е 6-ти со 30 бода а ФК Тополка е 10-та со 17 бода.

Во следното коло ФК Борец го пречекува ФК Питу Гули, ФК Башкими игра со ФК Млекар од Прилеп кој е 80-ми со 20 бода, а ФК Тополка е слободна.

Се одигра и големо дерби и во Општинската фудбалска лига, каде ФК Младост со високи 6:1 го совлада лидерот ФК Врановци, па така се искачи на првото место. ФК Врановци претходно реагираше дека со казнувањето на неколку фудбалери, кои сториле прекршоци како и други фудбалери од други екипи, а тие не биле казнети, па така ФК Вранoвци влегува во финишот осетно ослабен. 
ФК Младост – ФК Врановци 6:1
ФК Горски – ФК Форца нова 1:4 
ФК Локомотива – ФК Раштани 6:1
Слободна беше екипата на ФК Согле
                             ТАБЕЛА
1. ФК. МЛАДОСТ          10    8  0   2    35:18   24
2. ФК ФОРЦА НОВА      10   7   1  2    28:13    22
3.ФК ВРАНОВЦИ           11   7  1    3  25:15    22
4. ФК ЛОКОМОТИВА     11   6  0   5    20:22   18
5. ФК СОГЛЕ                 10   3  1   6    12:22   10
6. ФК ГОРСКИ               10   2  0   8    15:27     6
7. ФК РАШТАНИ            10   1  1   8     8:26      4

      Во следното 13 коло играат:
ФК Раштани –ФК Горски
ФК Форца нова – ФК Младост
ФК Врановци – ФК Согле
Слободна е екипата на Локомотива од Градско 

Во 10-тото коло  од Втората фудбалска женска лига, ЖФК Борец пред службена победа, откако гостинктеи ЖФК Порече  од Македонски Брод, имаа 16 бода, не допатуваа во Велес, и не се појавија на почетокот од натпреврот. Во следното 11 коло велешанки гостуваат во Охрид кај ФК Билјанини  извори кои се втори на табелата.

фото ФК Превалец

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »