Петар Печков
Објавено: петок, 25 јануари 2008
Борис Мајсторов (65) најмногу го помниме по радио драмите, радио емисиите и цртаните филмови. Тој не дочека во неговиот дом во Карпош 2, кој беше пренатрпан со рафтови на кои стоеа стотици книги, раскази, антологии, монографии... По стариот добар велешки обичај сопругата Цветанка не послужи со слатко од вртена тиква, а потоа со велешка ракија и мезе. Судбината сакаше разговорот со Борис Мајсторов да го водиме точно во период од 19 - 19.30 часот кога одеше радио емисијата „101 приказна“ и цртаните филмови во минатото. Тој подеднакво, по 33 години живеел во Велес и Скопје.
- Во Скопје доаѓав од мојата 3- та година кај тетка ми Ленче од семејството на Диме-американецот т.е. Стефкови и кај вујко ми Владе и неговиот зет Венко Марковски. Памети многу поединости од тоа што го проживеал, но и од тоа што го раскажувале постарите од него. Затоа многу работи останаа недокажани.
- Роден сум во вторник на денот на Св. Маченица Варнава и Св. Јован Дамаскин, ден кога е рамноденица, во раните часови (околу 5 часот изутрина), во 1935-то лето господово и веднаш се упатил татко ми брзајќи по калдрмата покриена со снег, во домот на вујко ми Ѓорѓи Ѓорчев, да ја пренесе радосната вест. Значи, се родив во древниот град Велес, во куќата на моите родители Богданка и Димитар-аџијата Мајсторови која се наоѓаше веднаш до стариот градски часовник, над самата главна улица и железничката пруга Скопје-Гевгелија и од чиј балкон можеше да се види панорамата на Велес од „дурутовец“ и целата лева страна до црквата „Св. Спас“.
Растев во двете куќи на поширојката семејна заедница на браќата Тодор, Димитар, Симон, Стефан и сестрата Невена Мајсторови. Претходно баба ми Марија и дедо ми Игно живееле на „маалска чешма“ каде биле исто така една до друга куќата на браќата на дедо ми Јане, Јован и Ристо. Тогаш, а и сега бројноста на родот на Мајсторчињата е многубројна што ме прави многу среќен, а не помалку и роднините од страната на мајка ми, исто така бројна фамилија Ѓорчеви, Ризови, Коробарови, Стефкови, Циракови...
Игрите ги игравме во долното маало, кое е преку железницата, поточно до самиот брег на Вардар. Во оваа околина беше судот и тоа во сите времиња: кралски, царски... Во таа зграда потоа беше музичкото училиште. Таму учев виолина и завршив тригодишно образование. Имав среќа да ми предаваат добри музички педагози, како Неда Ѓорѓевиќ - внука на Никола Тесла, сакам да го спомнам професорот Попевски и други. Школото го посетував 48-51 г., не сум сигурен за годините, ќе проверам во свидетелствата. Од ова школо излегоа многу музички имиња кои беа врвни инструменталисти, не
само за нашата земја туку и пошироко: семејството Шуреви, Качурков, Кирков... доста имаше.
Најверојатно тоа е таа традиција на градот Велес за музиката. Во оваа музичка линија се и Стефан Гајдов, Живко и Данка Фирфови, но и познатата велешка чалгија на чело со Аљо Тончов.
Бев многу динамичен, темпераментен, жив..., како што се вели бев немирко. Сакав да дознам што повеќе. Со помош на татко ми на 6 години почнав да итам и порано бев запишан во школото. Затоа имам другари и од 35-то годиште, но и од 36- то годиште. Меѓутоа најмногу играв во долното маало зошто таму беа повеќето од другарчињата. Се сеќавам на Ане, Бране, братучедот Натче, на Аце, Миле Бане... , Љубиша...
Ги игравме сите детски игри што сега не ги забележувам: челик-заострено дрво на двете страни кое се удираше со друго подолго дрво, на џиџалиња-од џиџе- детско светло- искршени порцелански чинии (тие се редат едно до друго), па ашици... Празник беше да речам, кога ќе се „послужевме“ нешто од дома: чорап свилен, некој памук, некој игла и конец. Ќе го затегавме со чорапот памукот и со иглата ќе го сошиевме и ете топка. Тоа беше вистинско доживување. Но секојдневно игравме со парталава топка.
Игравме и зуски- џамлии. И тоа на рамно или во песок покрај Вардар правевме дупки. Интересно е да спомнам дека кога не беше ладно надвор, после играта се собиравме и седнувавме пред куќата на Тевчеви, пред една од нивните врати што не ја користеа седевме и си раскажувавме приказни и доживувања. Но приказните брзо се „потрошија“.
Јас имав богата библиотека и многу читав. Некои од приказните кои ми беа интерсни ги читав 6-7 пати и всушност ги знаев на памет. И така остана да раскажувам цела вечер само јас и тоа повеќе години. Нормално се трудев кога раскажувам да им давам карактеристики на ликовите во дијалошката форма. Тоа интерпретирање им беше интересно на другарчињата. Сега всушност гледам дека моите први обиди за интерпретација се во моето маало и пред моите другари, кои воедно беа и мојата прва верна публика.
Уште во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ бев меѓу избраниците кои по повод училишните празници, но и државните празници, рецитиравме. А, веќе во гимназијата „Кочо Рацин“ продолжив во драмската секција. Во таа секција беше и Благој Андреев, кој потоа беше режисер во Македонското радио и телевизијата. А „Оцко“, кои ние така го викавме, беше и член на жири комисијата за примање на нови артисти во Радио драмата на Радио Скопје, кога конкурирав и јас во 1957. Како една потврда за таа моја палавост, немирност и таа природа за дознавање е следново:
- Секогаш сакав да бидам во друштво со повозрасните од мене, зошто од нив полесно ги дознавав вистините за животот, настаните во светот... Како дете бев сведок на демонстрациите „Бараме леб“ во Велес. Бев учесник на бомбардирањето на Велес од страна на Германците, но и бомбардирањето на сојузниците, нередите со Трст... Токму мојот интерес за личностите и настаните, изворно ги слушав и затоа често ќе чуев од возрасните „Е ѓавол дете, ќе дочекам ли да видам што ќе стане од ова дете“.
- Кога матурирав сакав да одам на студии на Академија за театар, филм и радио во Белград. Меѓутоа мајка ми се спротистави и рече „Не сакам да ми бидеш Паљачо“. Нејзина желба беше да студирам стоматологија. Запишав стоматологија во Белград. Татко ми работеше како занаетчија и тој ме издржуваше. Најверојатно не било „програмирано“ во мојата судбина да го завршам факултетот. Дуќанот на татко ми изгоре и јас се вратив во Скопје. Тогаш уште во Скопје немаше стоматологија и запишав Правен факултет.
Појадувајќи во „Бристол“ го чув соопштението на радио дека е последен ден на конкурсот, тоа беше есента 1957, за прием на артисти во радио драмата. Меѓу тие 120- 130 пријавени, собрав храброст и јас да се пријавам. Отидов во Радиото и бидејќи таму работеше мојата соученичка Оливера Николова, од неа побарав да ми најде материјал од библиотеката на Радиото. Тоа беше некаде околу 11.30 часот. Таа успеа по пропозиците да ми обезбеди „Бели мугри“ од Кочо Рацин, „Лозје“ на Блаже Коневски и една мала книшка со едночинки. Од нив избрав една песна, 15-16 реда од расказот „Лозје“ - како прозен текст и некаков мал „ефтин“ монолог.
Во 14 часот беше закажана аудицијата. Во конкурсната комисија беа Илија Милчин, Тодорка Кондова, Благоја Анастасовски - како уредник на редакцијата „Радио драма“ и Благоја Андреев. Од сите пријавени кога ги видовме резултатите на списокот бевме 12 луѓе. А, од кога поминавме еден припремен период работејќи со Благоја Андреев, останавме шестмина. Во дворот на ул. „Марксова“ во која беше старото радио, бев многу изненаден од бројот на заинтересираните. А кога веќе влегов внатре во ходникот кон студиото 2, ги слушав кандидатите како изговараат големи монолози од Шекспир, Чехов... А јас, за тој час и половина, ги зедов книгите, ручав и избрав делови и немав време напамет да ги научам тие делови, као што бараа пропозициите. Веќе се чувствував хендикепиран. Но во животот сум оптимист. Се послужив со итрина, на тие пред студиото кои имаа голема трема им сугерирав малце да излезат во дворот.
Така речиси скоро меѓу првите влегов во студиото. Едноставно им кажав дека јас дента го чув известувањето и немав време ниту за избор, ниту пак да ги научам напамет. И бидејќи мислам дека никој од нас, што сме дојдени тука не е оформен артист, туку дека треба токму тука работејќи да учиме и да се оформиме. Со такво размислување им станав некако симпатичен на сите во комисијата, зошто искрено му изјавив на претседателот Илија Милчин: „Доаѓам овде да научам односно ако бидам примен, да се изградам во артист кој ќе ги задоволува и потребите на куќата, а и моите желби“. Тогаш ме прашаше „Дали ова го правам заради хонорарот, да си олеснам при студирањето или мислам сериозно да се бавам со уметност“. И вториот мој одговор беше искрен „ако навистина во мене има дарба и способност, а Вие ја откриете и ми помогнете, тогаш целосно ќе се одадам на моето остручување“.
Кога ги читав стиховите од „Бели мугри“, Милчин рече „знаеш ли како ова се интерпретира“. Јас велам знам. А тој рече „Е, како“. Прозно - одговорив. Беше изненаден од одговорот. А зад него седеше Тодорка, која нескриено, радосни ми одобри.
- Е, зошто така не ја кажуваш - ми вели. Тогаш одговорив „Ако тоа го можев, сигурно не ќе дојдев на конкурсот“. Бев пријатно изненаден кога се видов на списокот, во 12-темина примени.
- Многу брзо, со помошта на сите колеги, но и од страна на тон снимателите Перп, Предраг, Пеќе, Миле, Блага, Ќиро, Стипе... кои ми ги објаснуваа основните правила за игра пред микрофонот, акустиката и другите феномени од радиофонијата. Овие мои извонредни познавања ми овозможија да бидам забележан од режисерите и повеќе и повеќе да бидам ангажиран.
Мојот ангажман беше во сите видови емисии на радиото: радиодрамите за возрасни и деца, па преку образовните, школските, детските..., настапите на јавните емисии и манифестации... Само после 7 месеци и самиот бев изненаден кога ја добив главната улога во радиодрамата што ја режираше Димитар Ќостаров. Со сомнеж дека ќе можам да одговорам на таа задача ги консултирав Томе Арсовски и Оцко. Тие многу сугестивно ме убедија дека таквата можност треба да се прифати, зошто само преку такви предизвици најдобро се учи и правилно се оформува. За мое гол?мо задоволство, кога ја преслушаа радио драмата, беа воодушевени во оценката дека многу добро сум ја одиграл. Така охрабрен почнав да влегувам во нови улоги и предизвици.
После дојде отворениот конкурс за избор на интерпретатор кој ќе го превземе реализирањето на идејата од детската редакција за воведување на емисијата „101 приказна“ во 1960-та година. Оваа емисија одеше секоја вечер, освен недела, во 19 часот на радио програмата. Бев избран за таа улога и овој избор беше потврда за моето правилно чекорење, растење во вистински радио артист. Тогаш, а и сега не верувам дека добрите остварувања во било која
уметност, може да бидат случајност.
- Првиот цртан филм се прикажа во детскиот блок на ЈРТ во 60-те години (ми се чини 65- та година). „Стариот даб“ беше руски цртан филм и се емитуваше преку белградското студио. Во овој цртан филм сите ликови беа надсинхронизирани и во моја интерпретација. Од ова деби се согледа дека располагам со можности за трансформација на повеќе ликови. За оваа работа, за да ми биде полесно морав да измислам свој начин на интерпукција, знаци за: темпото на говорот, ликовите, паузите, јачината на говорењето...
Првиот цртан филм со И. Т. лента дојде дури во 70-те години. Тоа е лента на која нема снимено говор, туку само ефектите и музиката. Со И. Т. ленти имав само 14 епизоди од француската цртана серија „Марко и Шарко“. Да ве потсетам на цртаните: Умка, Пикси и Дикси-117, Калимеро, Атомската мравка, Хипо и Чипо, Банана мен, Мечето Ушко-47, Волшебникот Бахреин, Тошо Мачорот, Којот и брзата птица итрица... Вовчето, Мачорот Леополд, Василиса прекрасна... Сериите Дружината на Мики Маус, Том и Џери, повеќе епизоди од „Дизниленд“...
- Сопругата Цаце (и таа е од Велес - „којничанка“). Ја донесов еднаш во Скопје на снимање, за да ја почуствува атмосферата. Целта ми беше, утре во бракот да не биде изненадена од таа блискост и интимност и едностаност со колешките. Имаше многу шеги од колегите тој ден на снимањето, кога Цаце не посети. Кога си тргна за Велес, таа разочарано ме праша „Вака ли се прават емисиите...“. Со неа имаме две прекрасни, сега возрасни деца: Емилија и Димитар. Моето семејство секогаш беше тука кога јас ќе дојдев од снимањата. Децата мои си пораснаа со мама, за јас тоа да го забележам после реакцијата од ќерката „Генерации паметат дека израснале со твоите емииси, а ти не седна еднаш, не најде време нам да ни раскажеш некоја приказна“. Јас тогаш сфатив дека не им посветив доволно време и внимание.
- Јас 42 години немав работно време, ниту сабота и недела не беше за одмор. Добро е сега. Здравјето ме служи. „Бев кај дедо Петре“ во 1994 година, но ми рече дека „предвреме сум дошол“ и ... се вратив ха, ха, ха. Од тогаш верувам во судбината. И самиот ден на пензионирањето 1 мај 1999 година, симболично кажува дека сум бил работник. Јас се
изненадив колку било тоа убаво, без да гледаш на саат, дали ти оставиле текст, дали има термин, лента... Често велам: дека сум бил голем работник, имам добиено Орден на трудот. Дека тоа што сум го работел, дека и било добро сработено, говорат многу награди и јавни признанија и плакети, па и една единствена награда за интерпретација на хумористичниот лик на чичко Аврам за 1974 г. на Југословенскиот радио фестивал во Охрид.
Извор: Вест

Tweet |