Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 мај 2007
Брат уби брата на матурска прослава, поради прегласна музика, ова се случи во петокот ноќта во Велес. Во оваа крвава матурска ноќ, во семејната куќа на Картинови тешко е повредена и снаата која е во Градската болница но е вон животна опасност.
Според полициската реконструкција настанот се случил на улица Петар Михов бр.33 околу 1,25 часот по полноќ откако Зоран Картинов снажно удрил по лимарината од заедничката куќа, како реакција на силната музика која доаѓала од домот на неговиот чичко кој живеел кат над нив. По ова Драган, сопругата Валентина и синот Марјан излегле во дворот да видат што се случува а таму веќе биле неговиот брат Левко со синот Зоран. При ова започнал крвавиот расплет.
- Зоран во раката имаше стап, исто како и татко му Левко кој одненадеш од појасот извади кујнски нож се стрча и ја удри снаа му Валентина во грб. Веднаш натрча Драган се обиде да го одзеде ножот да не направи поголема белја, но во борбата доби неколку удара по што Левко заедно со синот Зоран избегаа - вели еден од сведоците на настанот.
Тој заедно со другарите ја прославувале матурата на Марјан Картинов. Валентина и Драган биле облеани во крв по што била повикана полиција и Брза помош. Поради обилното крварење, Драган (43 год) кој добил удари со ножот под градниот кош и во слабината, како и еден во грб, итно бил пренесен на клиника во Скопје, каде починал. Сопругата Валентина (38 год) има еден длабок удар со нож во грбот но е вон животна опасност, велат докторите од велешката болница.
По убиството, Драган и Зоран Картинов се криеле во градот, а таткото се обидел да се ослободи од облеката која била крвава. Соседите велат дека подолго време односите помеѓу семејствата биле нарушени, иако Драган го поканил братот Левко на матурската прослава па и го почастил вечерта пред настанот.
- Односите им беа ладни, кога ќе се поздравеа кога не. Немаше братска блискост, некогаш правеа мубает а се случуваше потоа да се одминат. Вечерта околу 23 часот дојде Брза помош кај Левко кој поради гласната музика имал здравствени проблеми и повишен притисок. Тогаш музиката малку се стиши - вели нивен сосед. Тој подоцна ги слушнал пискотниците и кога излегол од дома, што да види крв на сите страни. Во полиција претходно примиле повик од Левко кој барал да интервенираат поради гласната музика, што било сторено. Утрото татко и син биле пронајдени од полицијата, подоцна бил пронајден закопан во соседството и ножот со кој било извршено убиството.
Против Левко Картинов (47 год) поднесена е кривична пријава за убиство, а истражниот судија од Основниот суд во Велес му одреди мерка притвор од 30 дена.

Tweet |