Петар Печков
Објавено: среда, 21 јуни 2023
Во текот на вчерашниот ден, вторник, брат доставил пакет до затворот во Велес, а во него чуварите нашле хероин. Деталите од СВР Велес.
„На 20.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(52 год) од Велес. Во пакетот кој го доставил на неговиот брат А.Д.(45 год) од Велес, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа - Отворено одделение Велес, затворските службеници пронашле и одзеле две пакувања со хероин“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |