Петар Печков
Објавено: недела, 03 ноември 2013
Во саботата вечер во 21,00 часот во Велес, на крстосницата „Штипска Петља“, Ц.Д. (поранешен сопруг) извршил разбојништво над Ц.С.(1963) од Велес и П.Љ.(1951) од Скопје, информираше СВР Велес.
При нападот на поранешната сопруга и одзел чанта во која имало три телефони, паричник со 4 илјади денари, 200 евра и други документи. Според полицијата додека се движеле со автомобил „Мерцедес„ со скопски регистарски ознаки, Ц.Д. им го попречил патот со неговото „Пежо“, излегол од возилото и физички го нападнал П.Љ. удирајќи го со тупаници во пределот на лицето.
Потоа од возилото излегла бившата му сопруга Ц.С. на која со употреба на сила и ја одзел чантата и со истата ја удрил во пределот на лицето неколку пати, а потоа ја удрил со тупаница во пределот на главата. По настанот, се оддалечил во непознат правец. СВР- Велес превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Tweet |