речник контакт

Брегалница поплави во Градско, Бабуна во долниот тек

Нивото на езерото Младост и натаму се качува

Петар Печков

Состојбата со високиот водостој во поширокиот велешки регион  најмногу  ги погоди жителите на општина Градско. Таму се поплавени поголеми површини на обработилива површина, повеќе десетина хектари а реката Брегалница однесе дел и од земјиштето долж течението.  Дел од овие површини се земени под концесија од државата за работа, дел се сопственост на земјоделците. Овие информации ги  потврди и градоначалничката Жанета Чаушевска.   

 Брегалница поплави земјоделски површини и однесе дел  од земјиштето. Поплавени се делови и од селото Уланци до Старо Градско, кои се по течението на реката Вардар.  Комисиите веќе се на терен, по  што ќе може да се каже колкава штета е причинета. Мостовите на Ногаевци и Уланци се безбедни, наносите до дрвја се отстранети и  исчистени  - изјави Чаушевска.  Во целата несреќа добро е што  малку од површините биле засеани со некоја  култура. Но земјоделците сепак ги чека доста работа да се исчистат нивите од тињата и наносите. 

 Во велешко,во долниот тек Бабуна ги однесе пешачките мостови а поплавени се и десетина куќи.

Беше многу страшно, во понеделникот попладне. Реката надојде. Куќите кои се покрај ена се поплавени, а однесени се и двата пешачки мостови. Беше мошне лошо, и  сликата и глетката. Одамна реката не била толку голема - вели Бошко кој живее во куќите близу фудбалското игралиште. 

 Расте нивото и на езерото Младост. Тоа денес е само половина метар од прелевање.  Рудничка река и Отовичка и натаму носат вода. 

За да прелие водата преку брната потребни се уште 500 илјади м3 вода.  Не очекуваме дека тоа може да се случи. Ни и ако дојде до тоа, нема битно да влијае на  нивото на реката Вардар и безбедноста на  велешани - изјави Бобан Пановски директор на  ЈВП ХС Лисиче. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »