речник контакт

Британскиот „Невеста“ и анимираниот „Скокалци“ премиерно во Киноверзум Велес

Филмот „Невеста“ е приказна за девојката на Франкештајн. Се прикажува и светски најгледан филм хоророт „Врисок7“ и региоанлниот хит „Свдаба“

Петар Печков

Четири филма се на репертоарот на Кинвоерзум Велес до следната среда, два се премеири. 

Првиот е анимираниот „Скокалци“ најновото дело на Дизни студиото и Пиксар.   Филмот ја следи вљубеничката во животни Мејбл, која ја користи оваа неверојатна технологија и со неа открива тајни во животинскиот свет што се подлабоки одошто можело да се замисли. „Скокалци“ се топла, духовита и визуелно воодушевувачка приказна за поврзаноста, разбирањето и границите на човековата емпатија. 
 
Bтората премеира е британскиот „Невста“ кој ќе се прикаже само недела вечер.  Експлозивна романса што ќе го запали светот. Од Меги Џиленхол, со Џеси Бакли, оскаровецот Кристијан Бејл, Анет Бенинг, Џејк Џиленхол и оскаровката Пенелопи Круз, храбра и провокативна реинтерпретација на една од највозбудливите приказни во историјата. Осамениот Франкенштајн (Бејл) патува во Чикаго во 1930-те за да ја убеди научничката д-р Јуфрониус (пет пати номинираната за Оскар Анет Бенинг) да му создаде животна сопатничка. Двајцата оживуваат убиена млада жена и се раѓа Невеста (Бакли). Она што следува ги надминува сите нивни очекувања.

Најкгледаниот филм во светот изминатата седмица хороот „Вирсок7“ втора седмица пред велешани. Ghostface се враќа - попаметен, помрачен и посмртоносен од кога било. Кога во градот каде што Сидни Прескот изградила нов живот ќе се појави нов убиец со маската на Гостфејс, нејзините најмрачни стравови се остваруваат кога нејзината ќерка станува следната цел. 

И четврта  седмица по ред,  регионалниот мега филмски хит „Свадба“ филм кој ги освои гледачите. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »