Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 мај 2009
Најголемиот брод во земјава, Панини деновиве заплови по најмалото македонско езеро Младост. Стариот добар адет, кога бродот се пушта да се крши и шише со пијалок од неговиот прамец не се случи, но затоа пловниот објект ги отвори вратите за гостите, откако ги доби сите потребни документи за работа. Тој почна да се гради пред шест години. Неговиот сопственик вели дека потрошил многу пари, време и нерви за да го изгради бродот.
- Среќен сум што одисејата која траеше седум години заврши. Многумина, дури и моето семејство не веруваше дека ќе го завршам бродот. Сега го оставам на гостите, посетителите да го кажат нивниот впечаток – изјави сопственикот Јованче Перков кој во градењето на бродот вложил околу 2 ?илиони евра.
„Панини“ со неговите димензии се одвојува од целината на питомиот езерски предел, долг е 56 широк 10 и висок 8,5 метри, тежок 560 тони има 2000 метри квадратни корисна површина под кров. Спаѓа во категоријата на туристички јахти и според сопственикот, тој е најголем во Македонија а верува и на континенталниот дел на Балканот. На бродот се вработени 52 лица и е биде наменет за гости за секој џеб, изграден е на три нивоа. Може да прими 800 гости, на палубата има ресторан, на натпалубата се 13 апартмани со сателитска тв и интернет, кафе и слаткарница, во потпалубата кабаре и пивница. До него се стигнува преку понтонски мост долг 30 метри. Бродот е граден на суво, за потоа да биде спуштен во водата, го граделе 24 подизведувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Германија. Колку внимание е посветено на работата, покажува фактот што тој 16 пати е префарбуван, поради заштита од корозија. За стабилност на бродот од сите страни е вкотвен со четири котви секоја тешка по четири тони.

Tweet |