речник контакт

Бројката на активни случаи со ковид-19 во велешко падна на 550 лица, во Болница се 76 пациенти

Изминатите 24 часа регистрирани се 35 оздравени пациенти и 15 ново заразени.

Петар Печков

Осумнаесетти  ден во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје. Од нив два дена, двата понеделника, вчера и претходниот, немаше ниту еден случај.  Изминатите 24 часа регистрирани се 35  оздравени пациенти и 15 ново заразени. Активни се 550 случаи  а досега во велешко  биле заразени  5.353 лица

„Почината е  пациентка на 87 годишна возраст, позитивна  од Свети Николе лекувана четири  дена во Модуларната болница. Во текот на вчерашниот ден транспортиран е пациент на 67 години во ковид центарот на Клиника за Пулмологија -Скопје. На кислородна поддршка се 36 пациенти. Испишани се седум пациенти како оздравени со по еден негативен тест “ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 76  пациенти,  од кои  на Инфективно одделение се 35, по пет  на Интерно, седум на  Физикално и во Модуларната болница  се 29 пациенти.  Потврдени позитивни се 63, еден е  сомнителни  и 12  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »