речник контакт

Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко падна на 22 лица

Денес, вторник, како и вчера во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се седум пациенти.

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко  регистрирани се три нови  случаи со кoвид-19 во велешко,  а оздравени се  седум    пациенти.  Со ова  бројката на активни случаи е 22 лица. Починати во велешко нема.

Денес, вторник, како и вчера    во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени  се  седум   пациенти. Hа Инфективно хоспитализирани  се тројца а на Интерно се четворица   пациенти. Нема ниту  ново  примен  ниту  испишани.

„Двајца пациенти се  потврдено позитивни,   непотврден е еден случај  а  негативни се четворица  но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден пациент“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »