Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 јуни 2021
Четворица пациенти од велешко се водат како оздравени а ниту еден не е ново заразен со ковид-19. ова го соопштија од Министерството за здравство со билтенот за изминатите 24 часа Така во велешко има два активни случаи на лица позитивни на корона вирусот.
Во велешка Болница се хоспитализирани девет пациенти, од кои двајца се потврдени позитивни, еден е сомнителен и шестмина пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се тројца пациенти. Во текот на вчерашниот ден еден пациент на 76 годишна возраст, е транспортиран во ГОБ 8-ми Септември -Скопје. На Инфективно се згрижени двајца пациенти а на Интерно седум.
Tweet |