Петар Печков
Објавено: четврток, 07 октомври 2021
Со дополнителен четврти конкурс за запишување и нови тројца студенти, се одржа првиот академски час на студентите во насоките Нутриционизам и Прехранбена технологија и биотехнологија на Технолошко- техники факултет со седиште во Велес.
Индексите на бруцошите им ги врачи деканката проф. д-р Татјана Калеска, која им посака успешни студии и завршување на факултетот.
Во третиот и дополнителниот четврти уписен рок беа примени тројца студенти на државна квота, сите на прехранбена технологија и биотехнологија, за која претходно беше укината партиципацијата за упис во прва година, од 200 евра.
Претходно во двата уписни рока беа запишани осум студенти на прехранбена технологија и биотехнологија и четворица на нутриционизам.
На двете насоки имаше по 20 слободни места. Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Наставата трае осум семестари.
Tweet |