Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 октомври 2011
Жири комисијата за доделување на награди за овогодинешниот Меѓународен стрип конкурс, како дел од традиционалниот Интернационален салон на стрип „ВЕЛЕС 2011‘‘, ги прогласи овогодинешните лауреати.
За најдобар е прогласен стрипот на Иван Коритарев од Бугарија, пред Стеван Шубиќ од Србија и Хулиан Роча од Аргентина.
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес им додели и специјални награди на Јелена Ѓурѓевиќ-Максимовиќ од Србија, Мирела Менциаси од Италија и на Дарко Богданов и Беатрис Петровска од Македонија.
Извршниот директор и основач на Македонскиот стрип центар Ване Трајков е задоволен од одѕивот на пријавени стрип автори како од странство, така и од Македонија.
Токму оваа асоцијација од поодамна го започна процесот на давање шанса на македонските таленти, нивно запознавање со странската стрип сцена и фестивали од каде не изостанува и некоја награда - изјави Трајков.
Македонскиот стрип центар-Велес деновиве го издаде и 13 број на списанието „СТРИП КРЕАТОР‘‘.
Во него освен наградените стрипови од меѓународните конкурси за стрип заслужено место добиваат и македонски автори со што се популаризира и македонската стрип сцена - вели Трајков.
Tweet |