речник контакт

ВМРО-ДПМНЕ за образование и вработување на младите, повисоки плати и пензии

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За подобра Македонија,, побараа подршка од велешани за продолжувње на реформите

Петар Печков

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски побара од велешани да ја поддржат реформски ориентиранта Влада, која со завршувањето на Светската економска криза, имала широко поле за работа и нови успеси во економијата.

На 5-ти јуни мнозинството од  народот ќе препознае кој е таа опција, која се покажа и во добри и во лоши времиња. Покажавеме како се води државата пред кризата, кога економијата растеше  со највисока стапка во историјата на Македонија, кога имавме една милјарда евра  инвестиции во првите две години од нашата работа,   извозот растеше за 60 отсто,  за две години растеа плати, пензиите, се воведоа субвенции, што претходно го немало  за сите 16 години.   Луѓето видоа дека дојде нова политичка гарнитуира која не само што ветува, туку и исполнува, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е коалицијата ,,За подобра Македонија,, . И во време на кризата, работевме предано. Кога ќе се види што другите сработија а што ние, како минаа другите земји, колку банки банкротираа, колку валути девалвираа, колку илјадници вработени од јавниот сектор  останаа на улица, колку  се намалија пензиите, се намали социјалната помош, и што се случи кај нас.  Јасно е дека оваа Влада покажа дека знае да ја води земјата, не само во добри туку и и во тешки времиња. Затоа народот на 5-ти јуни  ќе го награди трудот на овој тим и ќе даде шанса, откако кризата заминува, да ја поведеме Македонија во  успешни економски води – рече Никола Груевски на вечерашниот митинг одржан во центарот на Велес. 

Тој го праша лидерот на опозицијата  Бранко Црвенковски зошто ја лаже македонската јавност дека е државник, кога го немало ниту на бината во 1991  кога се славел референдумот за самостојноста на Македонија, каков бил односот за химната на Република Македонија во Парлементот, дека се залагал за конфедерација со Србија и Босна и Херцеговина и Црна Гора.  

Влатко Ѓорчев носителот на листата  во ИЕ 3,  од митингот во Велес порача дека  не е дилема што  ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку колкава  ќе биде разликата, тоа било единствената  непозната од претстојните избори.

Тие што не не признаваат, што не сакаат името да го споменат на Македонија, на 5-ти јуни  да ги поразиме. Потребна ни е подршка, за  да продолжиме со нашата работа, да ги задржиме младите во земјава со квалитетно образование и со вработување. Ветуваме дека нема ниту еден данок да се зголеми а имаме најмали даноци во Европа. Нека каже Црвенковски  кој работни места отвори во овој опустошен  транзициски град, колку стечајци остави на улица,  Шеќеринска пак колку европски пари донесе во Велес. Сите имааа шанса, но ништо не направија. Само оваа Влада  ги зголеми платите и пензиите, доделуваме бесплатни учебници. Не им верувајте на тие што зборуваат, туку на тие што работат. Не му верувајте на Љубе Бошковски, бидејќи тој  е во коалиција со  Бранко Црвенковски -  рече Ѓорчев. 

Тој го праша  Бошковски кој му помогнал додека му било  најтешко,  додека  бил  во притвор во  Шевенинген, кој му ги платил адвокатите, кој му ги плаќал авионските карти, кој ја плаќал храната во затворот. За сега тој  наеднаш  да има пари за карвани, за митинзи, за билборди, за кампања. За Илија Димовски, кој побара нов мандат за пратеник,  изминатите пет години е променета сликата на Велес, кој дотогаш бил заборавен и осиромашен град.

Петнаесет години  Велес беше збришан од мапата на Македонија, беше заборавен од сите претходни Влади. Ние ја сменивме картата. Вложивме два милиони евра во велешката Болница за обнова,  нови апарати и опрема, во Болницата во Јасеново се вложени 1,6 милиони евра. Отворивеме пет факултети во градот а  каде студираат две илјади студенти. Го решивме свлечиштето Рамина. Во земјоделието  2,8 илјади семејства добија  3,5 милиони евра, пари  колку што СДСМ делеше за цела земја, ние толку дадовме само за градот.  Преку самовработување вложени се еден милион евра. Нека каже јавно кој повеќе направи за Велес – рече Димовски. Тој  нагласи дека во партијата во Велес раскрстиле со старите компромитирани кадри, кои сега можеле да се видат на митинзите на ВМРО-НП и Обединети за Македонија.

Ѓорги Коџобашиев како кандидатат за пратеник од Велес порача дека во тек е  втората фаза од ХС Лисиче, со изградба на цевковод со кој ќе се наводнуваат земјоделски површини во околината на езерото Младост.

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска рече дека коалицијата ,, За подобра Македонија,, предводена  од ВМРО-ДПМНЕ имаат единствено политика, да не проработи Топилницата а загадената  велешка почва да се прочисти од тешките метали.

Платен политички простор

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »