речник контакт

Валерија Ваљак Неделковска е нов претседател на Синдикатот на фудбалерите на Македонија

Нејзиниот мандат е четири години. Taa e поранешна фудбалерка на ЖФК Борец кога ја освои двојната титула и капитен на репрезентацијата

Петар Печков

Велешанката Валерија Ваљак Неделковска е нова претседателка на Синдикатот на фудбалерите на  Македонија. Таа е поранешна репрезентативка на Македонија и капитен, со освоена двојна круна со ЖФК Борец, во кој период беше  капитен.

На редовното годишно и изборно генерално собрание, одржано во Велес, делегатите ѝ ја доверија функцијата претседател на Валерија Ваљак Неделковска, која го наследува сограѓанинот  Панче Ќумбев.

Покрај изборот на претседател на годишното изборно Собрание, беа пополнети и три места во Извршниот одбор, каде што доверба добија Јане Николовски, Александра Јовановска и Марјан Герасимовски, како и едно место во Надзорниот одбор, за кое беше избран Илчо Боров. За генерален секретар е избран Марјан Герасимовски, а за потпретседател Александра Јовановска. Сите тие се порашени  репрезентативци и имаат интернационални фудбалски  кариери.

Нејзиниот мандат е четири години. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »