речник контакт

Вардарски регион пред скопјани

Во рамки на манифестацијата „Промотивни денови на регионите“ што се одржува под мотото „Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина“ на плоштадот „Македонија“ беше претставен Вардарскиот плански регион.

Петар Печков

Овој регион ги опфаќа општините Велес, Чашка, Росоман, Градско, Кавадарци, Демир Капија, Неготино, Лозово и Свети Николе.

Граѓаните имаа можност да се запознаат со историските, културните и природните богатства, да дегустираат од специјалитетите и вината, како и земјоделските производи  од општините во регионот.

 Ќе ги претставиме културните традиции, фолклорот и гастрономската понуда со цел да се претставиме пред граѓаните и како регион и како општини - рече претседателот на Вардарскиот регион и градоначалник на општина Велес Горан Петров.

Во организација на ЗЕЛС, манифестацијата „Промотивни денови на регионите“ почна на 8 мај со промовирањето на Пелагонсикиот плански регион, а секоја наредна сабота беа претставувани останатите региони

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »