речник контакт

Вардар низ Велес иако опаѓа и натаму со високо ниво

Се очекува нивото и натаму да опаѓа

Петар Печков

Вардар низ Велес и натаму со високо ниво иако е во опаѓање. Утрово во 7,30 хидрометеорологија при УХМР измерила на мерното место Стар мост ниво од 190 цм. што е за 10 помалку од вчерашните два метра. Се очекува тоа и натаму да опаѓа, оти северно од Велес Вардар е во намалување, но не така силно.

И притоките Пчиња и Треска се со идентично ниво како вчера. Во пракса тоа е околу раклите на Стар мост има заезерување а освоен со вода е и дел од кејот.  За потсетување максималното измерено ниво на Вардар низ Велес беше пред седум дена, минатиот четврток 223 цм. Просекот за февруари е 89 цм. 

Нивото на реката Бабуна низ Богомила е во опаѓање од 46 вчера, денес утрово е 36цм. Просекот за февруари е 16 цм.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »